Со фалсификат и прекршување на законите Владата се обидува политички да го блокира моето поставување за амбасадор на Македонија во Брисел, реагира на социјалните мрежи екс пратеникот Александар Николовски. Тој го објави заклучокот од затворената владина седница кој според него покажува дека владата постапува незаконски и прави обид да ја прекине постапката за избор на амбасадор иако тоа законот не го дозволува.

„Во истиот не е цитиран ни еден член на Законот за надворешни или Уставот по кој е донесен. Причината е многу едноставна- таков член нема! Никаде во законот не е пропишано дека може да се прекине завршена постапка.

Според него, најскандалозен е како што вели фалсификатот кој го направила Владата, менувајќи го датумот во архивскиот печат од 20 на 19 јуни, што може да се види и од приложените документи.

„Почитувани, иако во моите претходни реакции споменав дека одговорот на сите прашања лежи во почитувањето на Уставот и Законот за надворешни работи, за жал Владата на Република Македонија директно ги прекршила истите, а МНР направило и фалсификат.

Имено во желбата политички да се блокира моето поставување за Амбасадор и шеф на Мисијата на Република Македонија во ЕУ, Владата одржала затворена седница на која донела заклучок за прекинување на постапката за именување. Заклучокот кој во интерес на јавноста го ставам на увид е спорен од неколку аспекти:

1. Во истиот не е цитиран ни еден член на Законот за надворешни или Уставот по кој е донесен. Причината е многу едноставна- таков член нема! Никаде во законот не е пропишано дека може да се прекине завршена постапка.

2. Донесен е само заклучок без одлука. Одлуката треба да ја потпише Премиерот, веројатно свесни дека го кршат законот товарот го префрлаат на Генералниот Секретар.

3. До денес ни Владата ни МНР писмено ме нема информирано за нивните активности, веројатно од причина што се незаконски

4. Најголемиот скандал- датумот на прием на записникот во МНР. Направен е фалсификат! Со пенкало бројот 20 е заменет со бројот 19, за приемниот датум да биде 19ти Јуни, а не 20ти Јуни. Зошто им била потребна оваа работа само во Министерството за надворешни знаат.

Ги повикувам Владата на Република Македонија и МНР да и одговорат на јавноста зошто донеле незаконски заклучок и зошто е направен фалсификат во датумот на прием во МНР? Ако се во право, зошто направиле фалсификат?

Исто така ги повикувам да престанат да го уриваат угледот на Република Македонија во Европската Унија, да престанат со несериозниот однос и желбата за теснополитички пристап во надворешните работи. Како со кршење на Уставот и законите, како со фалсификати Македонија ќе спроведува реформи и ќе се приближува до ЕУ?

Ако Македонија во ЕУ е наша заедничка цел оваа игранка која носи само уривање на угледот на државата во ЕУ треба да заврши ден поскоро и заеднички со одговорен пристап да се посветиме на приоритетите. Почитувањето на законите, а не нивното кршење, правилните одлуки, а не фалсификатите се вистинскиот европски пат.“ - напиша Александар Николоски на неговата официјална фејсбук страна.

[photo]

[photo]



Автор: Администратор
Објавено на: 07/07/2017 16:31