Репрезентативецот на Србија Милош Теодосиќ во следните две години ќе го носи дресот на Лос Анџелес Клиперс.
Ова значи дека еден од најдобрите европски кошаркари конечно ќе облече дрес на еден НБА тим.
Теодосиќ последните сезони играше за ЦСКА Москва и со оваа екипа освои буквално се што можеше да се освои, а лани беше и европски шампион со рускиот клуб. Тој за двегодишниот договор со ЛА Клиперс ќе заработи 12,3 милиони долари.
Со репрезентацијата на Србија има освоено три сребрени медали: еден на Олимписките игри во Рио (2016); еден на Светското првенство во Шпанија (2014) и еден на Европското првенство во Полска (2009).