Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ и координатор на првата пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски рече дека одлуката да формираат десет пратенички групи е последица од однесувањето на власта во минатите 40 дена кон опозицијата.

Според него, со формирањето на десет пратенички групи имаат можност да дискутираат подолго, а овој потег го гледа како добронамерна порака кон владеачкото мнозинство.

Формирањето на пратенички групи не значи признавање на Талат Џафери како претседател. Не го признаваме Џафери за легитимен претседател, нашето обраќање досега е идентично, до претседател на СРМ, до институцијата, ниту пишуваме Талат Џафери, ниту го членуваме „претседателот“. Собранието не е на никој пратеник, ова е на граѓаните - изјави Димовски.

Тој рече дека две недели барале да го добијат нацрт договорот за добрососедство со Бугарија, но биле игнорирани, иако премиерот и министерот за надворешни работи, рече, ветуваа инклузивност, подадена рака кон опозицијата и барање помош од опозицијата.

Владата изготви план 3-6-9 кој според нив ќе го забрза пристапувањето кон ЕУ и НАТО. Го изготвија без консултации со опозицијата. Добивме информација дека Владата е пред ребаланс на буџетот. Никогаш не се случило министерот да не најави дека изготвува ребаланс на буџетот. По закон ни следува член на управувачкиот комитет за кризи, но преку комисијата за одбрана ни следува таква позиција. Понесовме повеќе закони и иницијативи, тие се однесуваат негативно, ништо не е прифатено. Најавите и говорите се обланда, тоа што досега го видовме е само убави зборови кои немаат ништо во суштина. Не знаеме што се разговара со Грција - рече Димовски.

Според него, со формирањето на десет пратенички групи имаат можност да дискутираат подолго, а овој потег го гледа како добронамерна порака кон владејачкото мнозинство. Вели, формирањето на пратенички групи не значи признавање на Талат Џафери како претседател.

Не го признаваме Џафери за легитимен претседател, нашето обраќање досега е идентично, до претседател на СРМ, до институцијата, ниту пишуваме Талат Џафери, ниту го членуваме „претседателот“. Собранието не е на никој пратеник, ова е на граѓаните - изјави координаторот на првата пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/07/2017 02:20