Граѓаните на Македонија секојдневно сведочат за штетите што зад себе ги остави децениското криминално и расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ. Експресниот пат Градско – Прилеп е само уште еден од низата промашени проекти што ВМРО-ДПМНЕ им ги остави на граѓаните.
Трошоците за санација на пропустите на автопатите Кичево – Охрид и Миладиновци – Штип веќе надминуваат 100 милиони евра пари на граѓаните, односно колку што изнесуваат и субвенциите за една година за сите земјоделци. ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски, за сметка на личното богатење, го осиромашија Буџетот и истовремено ги погазија интересите на граѓаните и го нарушија угледот на Македонија.
Штетите од децениското криминално владеење што секојдневно излегуваат на површина, како и лицемерното и себично однесување на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието преку формирањето 10 пратенички групи, докажува дека секое делување на ВМРО-ДПМНЕ и кога е власт и кога е опозција, е во функција на богатење на раководството на партијата преку злоупотреби, лицемерие и деструкција и во спротивност на интересите на граѓаните.