Не може да се прави компромис за тоа што се гинело стотици години на овие простори, за кое што луѓето ги дале животите, за кое што децата ги оставиле сираци. И јас сега да одам и за да си ја задржам власта, за да некој амбасадор ме потапша по рамо, да продадам се. Тоа е целата работа, тоа е приказната.
Ова го изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, во вчерашното интервју за ТВ НОВА.
Ние многу лесно можевме да бидеме Зоран Заев со соседите, се да прифатиме, сите штетни за Македонија работи да ги прифатиме и јас ќе бев најголемиот реформатор. Што се реформите што се бараат од Заев, да ги направи сите отстапки кои ги бара Грција, што ги бара Бугарија, што се бараат поврзани со Тиранската палтформа и кој знае уште што ќе им текне во меѓувреме и тој ќе биде најголемиот реформатор, рече Груевски и додаде:
„Јас не можев да бидам реформатор? Можев! Ќе излезев ќе кажев, почитувани граѓани, мислам дека треба да прифатиме ново име на државата, нацијата, јазикот, историја на друга држава е наша историја итн… Многу лесно јас можев да го правам тоа, но јас одбрав друг пат. Одбрав пат да ги штитам интересите на тие кои што ме одобрале да им бидам претставник. Јас сум избран на избори, не сум избран од некои странци, избран сум од народот на оваа држава, од граѓаните во оваа држава, од најголем број граѓани кои се поделиле кој за која партија, најголем број граѓани гласале за мојата партија и јас на чело на таа партија и со мене на чело на таа партија. Јас така ја разборам политиката, јас морам да ги штитам нивните интереси и дасе обидам да направам максимум“.
Тој додаде дека компромиси во дипломатијата има, но треба да се знае до каде може, до каде е црвената линија, а не по секоја цена за да дојдеш на власт, или за да се задржиш на власт, или за да те наречат реформатор.