Наместо да се соочи со одговорноста за се она што им го направи на граѓаните и државата во изминатите години, Никола Груевски продолжува да ги лаже и потценува граѓаните и да работи спротивно на нивните интереси.

Ниту едно оправдување, ниту едно глумење жртва и затскривање под превезот на наводен патриотизам не може да го сокрие криминалното и расипничко владеење на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, ниту пак може да ја избрише колективната меморија на граѓаните.

Преку проектот „Вистината за Македонија“ целата јавност слушна како се набавуваше мерцедесот од 600 000 евра, кој и како нарачуваше рушење на „Космос“, кој и како договараше провизии за автопатите и кој нарачуваше „два-три шамари јаки пред камери“.

Граѓаните и денеска сведочат за штетите од децениското криминално владеење на Груевски. Доказ за тоа се тоа се и катастрофалните грешки во автопатите, скапите и луксузни вечери платени со народни пари, украдените милиони од граѓаните, креирањето атмосфера на насилство и поделби и екстремното богатење на ВМРО-ДПМНЕ, најбогатата партија во Европа, на сметка на осиромашените граѓани.

Наместо да продолжува да ги потценува граѓаните, Груевски да собере храброст и да се соочи со сопствената одговорност, а денешната лажна и тажна исповед да ја сочува за судските рочишта што му претстојат.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/07/2017 03:17