Министерката за надворешни работи на Австралија Џули Бишоп ќе престојува во Република Македонија, во рамки на нејзината посета на Источна Европа планирана од 9 до 15 јули, соопшти денеска нејзиниот кабинет.

На официјалната веб-страница на австралиското МНР пишува дека Бишоп ќе се сретне со премиерот Зоран Заев, министерот за надворешни работи Никола Димитров и со претставници на невладини организации кои работат со финансиска помош на Владата на Австралија.

Ова е прва посета на министер за надворешни работи на Австралија на Република Македонија.

Во рамки на посетата на регионот Бишоп ќе престојува и во Хрватска каде што ќе се сретне со претседателката Колинда Грабар Китаровиќ и Србија каде што ќе се сретне со премиерката Ана Брнабиќ.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/07/2017 03:50