Интегрален текст од прес конференција на Анета Димовска
СДС не смее да ги разочарува граѓаните и да си поигрува со ветувањата!
На Македонија не и треба нов 15-ти септември!
Уште една лага и уште еден мандат на СДС изгубен во кражби, манипулации и згрижување на партиски послушници на товар на граѓаните, ќе ја врати Македонија назад во 90-тите.
СДС и Зоран Заев ветуваа раст на економијата од 5 до 7% на годишно ниво. СДС и Зоран Заев ветуваа дека имале решенија и проекти како да ги постигнат овие стапки на раст потценувајќи го привлекувањето на странските инвестиции и другите проекти кои се спроведуваа од владата на ВМРО-ДПМНЕ, а кои отворија стотици илјади работни места и придонесоа за севкупен напредок на она што е економски раст и развој на Република Македонија, во исто време овозможија проектиран раст за 2017-та година од 3%.
Зоран Заев вчера во предложениот ребаланс наместо да го зголеми проектираниот раст, на ниво на она што беше ветување тој го намали. Владата на Зоран Заев смета дека може да оствари раст од само 2,2% или 0,8% процентни поени помалку од растот што го проектиравме ние или тоа е за цели 25% помалку.
Зоран Заев и СДС најавуваа зголемување на капиталните инвестиции, а со предложениот ребаланс значи истите ги скратија за 3 милијарди денари. Тоа се цели 50 милиони евра помалку за капитални инвестиции од проекциите кои ги имаше владата на ВМРО-ДПМНЕ. А, сето ова е резултат на немањето визија, но и на тенденциозното блокирање на сите проекти отпочнати од владата на ВМРО-ДПМНЕ почнувајќи од автопати и водоводи, па се до изградбата на Клиничкиот Центар.
Почитувани,
Со ова значи се потврдуваат стравувањата дека владата на СДС не е реформска, туку антиреформска.
СДС и Заев единствено што знаат и умеат е деструкција, криза и евтин политички популизам од кои нема полза ниту државата, ниту граѓаните.
На пример, како СДС со недоволни 2 милиони евра релаоцирани во ребалансот за поддршка за домашните мали и средни претпријатија ќе го изедначи нивниот статус со странските инвеститори?!
Незадоволството од земјоделците е пред кулминација, а откупните цени СДС ќе ги решавал со релаоцирање на 1,3 милиони евра.
Трагично изгледаат и проекциите за реалоцирање на 500.000 евра за локални и селски патишта кои во предизборието, Заев ја критикуваше ваквата и оваа политика, ветувајќи изградба на нови 500 километри автопат.
Нема никакво оправдување за СДС во обидот да ги намалат проекциите на очекуваните приходи во буџетот. Да не беше кризата која што свесно ја креираа и да имаа поспособен и попрофесионален кадар и да немаа намера за катастрофално покачување на даноците, до ваквата ситуација немаше да дојде.
Зголемувањето на даноците и воведување на прогресивна стапка на данок, само ќе ја зголеми даночната евазија, ќе ја стимулира сивата економија и ќе премисли многу инвеститори од земјата и странство кои решиле да инвестираат во Македонија, да ги однесат своите инвестиции во други држави.
СДС треба да се фатат за работа, бидејќи од нивните манипулации и од нивното креирање хаос никој нема полза.
ВМРО-ДПМНЕ сериозно и детално ќе го анализира предложениот ребаланс и во собраниска процедура ќе предложи амандмани кои се од полза на граѓаните.
Граѓаните очекуваат исполнување на ветувањата за минимална плата од 16.000 денари и просечна од 30.000 денари. Пензионерите очекуваат повисоки пензии, а докторите плати од 100.000 денари.