Инфраструктурниот пустош што зад себе го остави неспособното и коруптивно работење на ВМРО-ДПМНЕ од ден на ден добива се подраматични размери.
По очигледните огромни пропусти на автопатoт Кичево – Охрид каде што само за еден тунел, поради пропусти во проектот, цената ќе се покачи од 29 на 89 милиони евра. Слични проблеми се јавуваат и во изведбата на експресниот пат Градско – Прилеп.
Постојат сериозни пропусти во делот на трасатa и проектната документација, непостоење или пак минимални геотехнички истражувања, како и појава на три досега неевидентирани археолошки локалитети поради коИ е издадено решение за привремен прекин на работите.
Ова е само уште една потврда за неспособноста, нестручноста и неодговорноста на претходната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски.
Брзајќи да ги земат договорените провизии за автопатите Никола Груевски и неговите соработници нанесоа огромни штети врз интересите на граѓаните и Буџетот.
Коруптивното, нестручно и неодговорно владеење на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, ја закочи изградбата на автопатите, ги изневери очекувањата на граѓаните и го наруши угледот на Република Македонија. Затоа, мора да има одговорност за сите оние кои трошејќи ги народните пари преку земање провизии и криминални тендери, екстремно се богатеа на грбот на осиромашените граѓани.
Ќе има одговорност и за сите пропусти на споменатите автопати, за сите земени провизии, за сите криминални тендери и за секое криминално богатење на поединци на сметка на граѓаните и државата.
Владата предводена од СДСМ прави увид во фактичката состојба, ги санира штетите и ќе стори се за проектираните автопати да се завршат квалитетно и навремено, без при тоа да бидат загрозени интересите на граѓаните и државата. Истовремено, ќе се работи и на санирање, но и на изградба на нови патишта согласно предвидените проекти во Програмата на новата Влада.