Игнорантскиот однос на Владата предводена од СДС и новото парламентарно мнозинство се директна и единствена причина за делувањето на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија, се вели во реакцијата на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Благој Бочварски.

– Иако, неколкупати досега нагласувавме дека нема да дозволиме СДС да се однесува како Собранието на Република Македонија да е во нивна сопственост, тие и понатаму продолжуваат да ја игнорираат опозицијата иако ветија инклузивност, подавање на рака и градење на заеднички ставови по однос на стратешките прашања. За разлика од тоа, од кога дојдоа на власт гледаме единствено самоволие и носење на штетни одлуки кои што во опасност ги ставаат националните интереси на Република Македонија, се наведува во соопштението.

Според пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, совршено е јасно дека СДСМ пред да дојде на власт ветувале едно, а откако ја добиле власта се однесуваат поинаку и токму затоа, сметаат дека македонските граѓани не заслужуваат повторно да бидат изиграни од страна на СДСМ.

– За таа цел ВМРО-ДПМНЕ смета дека со своето ограницирање во 10 пратенички групи ќе придонесе за демаскирање на сите задни намери кои што ги планира СДС и истовремено ќе обезбеди поквалитетна дебата за било кое прашање или мерка која што ќе се разгледува во законодавниот дом. СДС мора да разберат дека доколку навистина сакаат да се придвижат реформските процеси во Република Македонија ќе мора да соработуваат со победничката партија од изборите бидејќи сите сме за просперитет на Република Македонија на патот кон ЕУ и НАТО, стои во соопштението од пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/07/2017 04:14