Петре Шилегов засега не донел одлука да се кандира за градоначалник на град Скопје и на Фејсбук реагираше на пишувањето на порталот СДК.мк дека им изјавил дека размислува да се повлече од пратеничката функција.

„Ниту се зборувало, ниту се одлучувало, ниту пак сум размислувал за било какво напуштање на Собранието и било какво друго кандидирање за било каква функција.

Постапките во СДСМ за кандидирање за градоначалници се во тек. Било какви натписи за мене во врска со таа тема, се во доменот на шпекулација“, напиша Шилегов на Фејсбук.

Извор: Фактор.мк



Автор: Администратор
Објавено на: 09/07/2017 04:27