Министерот за надворешни работи Никола Димитров утре ќе престојува во работна посета на Република Австрија, на покана од австрискиот шеф на дипломатијата Себастијан Курц.

– Во рамките на посетата, предвидено е министерот Димитров да оствари средби и со членови на Комисијата за надворешна политика во австрискиот Национален совет, како и со претседателот на Комората на индустријалците на Австрија, соопшти Министерството за надворешни работи.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/07/2017 20:00