На Античкиот театар во Охрид се одбележа 26 годишнината од постоењето на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ. Пред партискиот подмладок се обрати и лидерот на партијата, Никола Груевски, кој кажа дека станува збор за најбројната и најсилната младинска организација во Македонија. Нека ни е честита годишнината, нека се множат годините и успесите, рече Груевски.

Груевски потенцираше дека УМС може да се пофали со доста успеси низ овие 26 години, како што според неговите зборови тоа е случајот и денеска. Тој напомена дека оваа младинска организација беше и остана еден од клучните столбови на ВМРО-ДПМНЕ, а преку партијата, низ годините и во државата, во нашата држава Република Македонија

Секогаш активна, секогш храбра, секогаш подготвена, расадник на кадри, УМС низ годините само потврдуваше дека и ВМРО-ДПМНЕ и Македонија имаат иднина, имаат сила, имаат енергија, имаат потенцијал и луѓе на кои во иднина оваа држава и овој народ може да се потпре. И така и беше. Десетици и стотици припадници на УМС превземаа високи одговорности, од министри, заменици министри и директори, до креатори на идеи, реализатори на тие идеи, креатори на решенија на многу проблеми на младите но и многу повеќе од тоа, илјадници млади луѓе, секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ ја водеше Македонија, докажаа и дека можеме, и дека сакаме и дека знаеме како. Покажаа со труд, со работа и со резултати. Така се сака Македонија. Со неуморна работа, рамо до рамо со повозрасните ја направивме Македонија 5та најдобра држава во Европа и 10та во светот по условите за правење бизнис, што пак ни помогна да привлечиме многу домашни и странски инвеститори да вложат свои пари тука кај нас во Македонија, и да отворат нови работни места за илјадници млади луѓе, кои ако немаа друга алтернатива, ако останеше на власт СДСМ со своите претходни политики кои ги одвраќаа инвеститорите, ќе мораа да заминат надвор од Македонија, подвлече Груевски.

Груевски кажа дека во исклучително тешки околности, економски и политички кризи, тие успеал заедно, со заеднички труд да создадат 172 илјади работни места, и исто толку луѓе и нивните фамилии да бидат задржани во Македонија, и да бидат посреќни и со подобра перспектива.

Заедно со многумина од Вас од УМС градевме подобри социјални политики за луѓето кои се во социјални ризици, заедно со многумина од Вас од УМС, воведовме субвенции и многу други подршки за земјоделците во Македонија и на многу млади земјоделци им помогнавме да добијат перспектива, заедно со Вас од УМС отворивме многу нови универзитети и факултети, дисперзирани студии и овозможивме стипендии за студирање во странство за најдобрите, заедно со Вас од УМС донесовме мерки со кои партиципацијата за студирање ја сведовме од 1200 евра на 100 и 200 евра годишно, односно 400 за оние со партиципација. Заедно со многумина од Вас од УМС, градевме патишта, водоводи, гасоводи, но и спортски игралишта и спортски сали, изјави Груевски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ кажа дека заедно со младите биле решавани стотици проблеми токму на младите,0 преку бројни проекти и законски решенија, кои им го подобруваа и олеснуваа животот, како на пример бесплатниот автобски превоз за средношколци и студенти,евтините авиолетови за патувања во странство, укинувањето на визите за патување низ Европа, обновата на студентските домови, бесплатниот интернет, компјутерите за студентите од повеќе генерации, беспалтните патувања за најдобрите студенти, преводот на најквалитетните книги, беспалтните патувања со возови во дел од викендите, зголемените стипендии, и се друго што на секој млад човек му даваше можност да се чуствува подобро и да има повеќе шанси.

Помалку зборувавме, повеќе спроведувавме и испорачувавме резултати, за разлика од овие денес, кои само зборуваат и ветуваат, а резултати засега нема. И за сето ова, заслужни се сите оние кои на било кој начин помагаа во овие процеси, но и сите оние млади кои со својот активизам и глас ги подржуваа процесите. Сите досегашни раководства на УМС, вклучително и актуелното, сите нивни претседатели, вклучувајки го актуелниот претседател на УМС Владимир Неловски, се дел од оваа успешна приказна, изјави Груевски.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/07/2017 02:05