Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ кажа дека можеби дел од младите не добиле вистинска шанса да се вклучат и допринесат за државата, тој потенцираше дека се труделе да вклучат што можат повеќе. Груевски кажа дека знае дека секој кој има волја и желба, знаење и спремност за работа, ќе добие шанса по повторното враќање на ВМРО-ДПМНЕ на власт во Република Македонија, кое според неговите зборови брзо ќе се случи.
Дотогаш, ќе ги зацврстиме и збиеме нашите редови, ќе се преброиме и прочистиме, и ќе го изанализираме нашето работење и нашите пропусти и грешки, но и нашите добри политики и исправни одлуки кои треба да продолжат, ќе развиеме нови идеи и програми за развој на Македонија, ќе продолжиме да се бориме за Македонија и за подобар живот во неа и од сегашната позиција, и повторно со победа ќе се вратиме на чело на државата. Нивните напори да не девалвираат, да не омаловажат, да не понижат, да не клеветат и обвинуваат, да не скршат и поделат, да не ослабат и прикажат во лошо светло ќе завршат без успех. ВМРО е создадена некогаш во илегала а подоцна во опозиција, и во такви услови знае како да стане повторно победник и да ја придвижи Македонија. ВМРО никогаш не стои, ВМРО се движи,се движи напред и успева. Изгубеното време во работење против нас, ќе им се врати како бумеранг на следните избори кога повторно ќе се соочат со судот на народот, порача Груевски.