Владата предводена од СДС продолжува со неодговорното однесување спрема граѓаните на Република Македонија.
Иако во предизборниот период цело време најавуваа дека ќе бидат реформска, одговорна и домаќинска влада сега гледаме дека од самиот почеток на нивното владеење се луксузираат со народните пари.
Народните пари очигледно имаат намера да ги трошат, освен за вдомување на своите соросови платеници и за набавки на октоподи, морски плодови, цвеќиња и слични непотребни трошоци.
Имено службата за општи и заеднички работи при владата објави оглас за набавка свежа риба, замрзната риба, октоподи и морски плодови во вредност од 400.000 денари.
Повторуваа дека граѓаните немаат пари за леб, а откако дојдоа на власт нивните пари ги трошат за сопствени задоволства и луксузна храна која народот не само што не може да си ја дозволи туку единствено ја гледа само на филмовите.
Наместо да штедат како што најавуваат СДС продолжуваат со нивното расипништво и парите на граѓаните на Република Македонија ќе ги трошат и на цвеќиња. Министерството за надворешни работи објави оглас за набавка на цвеќиња во вредност од 305.700 денари.
На нивната дволичност и нема крај.
Од една страна зборуваа за сиромаштија на граѓаните на Република Македонија, а од друга страна гледаме недомаќинско трошење и луксузирање со октоподи и морски плодови.
Најавуваа штедење, а може да видиме само трошење на народните пари за задоволување на сопствените хедонистички пориви.
Уште еднаш се виде дека владата на СДС е влада на елитите, а не на граѓаните. Тие пред изборите ги изманипулираа и излажаа граѓаните.
Функционерите на Зоран Заев од својот луксуз не можат да ги видат секојдневните потреби и проблеми на граѓаните. Наместо тие да им помагаат на граѓаните, тие ги трошат нивните пари на елитизам и луксузи.