Владата на СДС не е реформска, туку антиреформска. Владата на СДС има капацитет само за блокирање, укинување и уривање.
Имено, министерот за култура, Роберт Алаѓозовски тајно и зад грбот на јавноста, без никаква транспарентност ниту дебата ги прекина и ги поништи постапките за реализација на проектот за реконструкција, надградба и осовременување на Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, во кој се сместени и работат националните установи Театар Охрид, Охридско Лето и Библиотеката „Григор Прличев“.
Реализацијата на овој проект предвидуваше целосна реконструкција, надградба и осовременување на постоечкиот објект на Центарот за култура „Григор Прличев“ по сите светски стандарди. Веќе беше обезбеден буџет, избрано беше идејно решение и фирма проектант, која треба да ја изработи потребната проектна документација по што би се отпочнало градежните активности за реконструкцијата на објектот.
Реализацијата на овој проект практично значеше дека Охрид и охриѓани, но и сите граѓани на Република Македонија, како и бројните странски посетители, за прв пат после долги години во Охрид, во градот на културата, ќе добијат објект каде културните и уметничките настани ќе може да ги следат во современи услови по сите светски стандарди.
Исто така културните работници во Охрид и Македонија, како и сите странски уметници кои честопати се присутни во овој град, ќе можеа да работат во најсовремени услови, а Охрид и охриѓани ќе добиеа една нова поквалитетна културна димензија во својот град.
Но, сега тоа е стопирано од Алаѓозовски, Заев и СДС, кои не сакаат во Охрид да има нов, современ и квалитетен објект кој не е ниту нивна идеја, ниту пак нивно дело.
По контекст на ова, јавно го прашуваме министерот за култура и владата на СДС, дали прекинувањето на овој значаен проект за бисерот на културата Охрид, значи „живот“ за Охрид и охриѓани?
Дали за Алаѓозовски, охриѓани не се достојни да добијат објект на кој ќе се гордеат и во кој ќе може да ги следат бројните културно-уметнички настани во својот град?
Дали вработените во охридскиот театар, охридската библиотеката, вработените во Охридско лето и сите уметници не заслужуваат да работат во современи услови по сите светски стандарди?
Со оваа одлука донесена крајно нетранспарентно и далеку од очите на јавноста и правите сериозна штета на културата во Република Македонија, а особено на Охрид кој е нашиот најголем туристички и културен центар.
Министре Алаѓозовски,
Бараме итно преиспитување и повлекување на оваа срамна и штетна одлука. Бараме да се продолжи реализацијата на овој проект кој е од суштинска потреба за градот Охрид.
Бараме јавно и без одлагање да ги информирате охриѓани за вашите планови и одлуки по однос на реализацијата на овој проект. Дали Вие сметате дека Охрид не заслужува подобар центар за култура, или ви пречи пак тоа што идејата и патот до нејзина реализација се дело на ВМРО-ДПМНЕ, па поради тоа ќе ги казнувате охриѓани?
Оваа срамна одлука мора да биде повлечена. Ниту Македонија, ниту пак граѓаните на Република Македонија заслужуваат нов 15-ти септември. Зоран Заев мора да си ги исполни ветувањата. Граѓаните очекуваат 16.000 денари минимална плата, 30.000 денари просечна плата и 500 километри нови автопати.