Сто милиони денари годишно од парите на граѓаните ќе бидат потрошени за привремени вработувања на партиските послушници на СДС и за новите советници на Заев од невладиниот сектор.
За ребалансот на буџетот антиреформската влада на СДС ја зголеми за 100% количината на средства кои се издвојуваат за привремени вработувања, бидејќи Заев мора да ги плаќа фактурите и да ги остварува ветувањата кои ги даде пред членството.
Па така, наместо реализација на ветувањето 500 евра просечна плата, Заев започнува со реализација на ветувањето „ќе ја партизираме државата од чистачка до министер“, за што ќе потроши стотици милиони денари пари на граѓаните на Република Македонија.
Овој проект на Заев е поддржан и од пратеници на СДС, како Курто Дудуш, кои шетаат по своите избирачки места и се закануваат дека без членска книшка на СДС ниту вработување ќе видат граѓаните, ниту лекарска услуга, ниту пак ќе добијат било каква друга услуга.
Наместо овие неверојатни СТО МИЛИОНИ годишно да се искористат за повисок стандард, плати, пензии и социјална помош или пак за градење на школи и болници, македонските граѓани ќе ги плаќаат партиските кадри на СДС кои по секоја цена мора да бидат вработени.
Со сто милиони денари годишно пари на граѓаните исто така ќе бидат плаќани и поранешните невладини активисти кои цело време лажеа дека се коректив на власта, а позадински одработуваа за политичките интереси и агенда на СДС. Тие за својот ангажман како награда се ангажирани од Зоран Заев како советници во својот кабинет.
Веќе нема таков човек кој верува на лагите на Заев и СДС. Ниту Македонија, ниту пак граѓаните на Република Македонија заслужуваат нов 15-ти септември. Зоран Заев мора да си ги исполни ветувањата. Граѓаните очекуваат 16.000 денари минимална плата, 30.000 денари просечна плата и 500 километри нови автопати. А не трошење на 100 милиони денари народни пари за партиските вработувања и за советниците на Заев кои го уништија невладиниот сектор во корист на СДС.