Република Македонија нема никаква полза од тоа што министерот за надворешни работи, Никола Димитров изрази жалење за изјавата на српскиот колега Ивица Дачиќ дека Србија направила грешка признавајќи ја земјава под уставното име.

Катастрофалната меѓународна политика на Заев и Димитров која има заеднички именител „виткање кичма“ секојдневно ги урива позициите и достоинството на Република Македонија.

Секојдневно сме сведоци на бројни изјави на бугарски функционери кои го напаѓаат јазикот, идентитетот, културата на Република Македонија,

А, владата на СДС упорно молчи. Од бугарска страна се слави договорот и се потврдува дека Илинденското востание е бугарско, дека со договорот се става крај на македонизмот и дека децата во Македонија конечно ќе учат точна историја откако Заев ќе ги избрише книгите.

Граѓаните на Република Македонија имаат право да ја знаат содржината на договорот. Имаат право да знаат какви отстапки Зоран Заев има направено.

Затоа пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ упати писмо до премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи, Никола Димитров со цел да се дознае содржината на договорот, бидејќи пратениците во бугарското Собрание веќе добиле можност да направат увид и да го погледнат усогласениот договор.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, бара можност и пратениците во македонското Собрание во име на граѓаните да имаат увид во овој договор со цел да се избегне било каков сомнеж за содржината.

Вакви суштински, идентитетски прашања не смее да се решаваат зад затворени врати. Нетранспарентноста на Заев ги вознемирува граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ се залагало и ќе се залага за градење добрососедски односи со Бугарија, базирани на взаемно почитување без да се загрозат прашањата кои имаат идентитетски карактер за нашиот народ и нашата држава.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/07/2017 09:35