Сведоци сме на лицемерието на СДС.
СДС со ребалансот на буџетот кратат 400 милиони денари од капитални проекти, а зголемуваат над 2 милиони денари во ставката Угостителство.
Имајќи во предвид дека имаат објавено оглас за набавка на морски плодови и октоподи кои чинат 400.000 денари, наменети за гозби на функционерите на СДС, јасно е зошто ја зголемиле ставката Угостителство во ребалансот за над 2 милиони денари.
Очигледно поважна им е храната што самите тие ја јадат, отколку капиталните проекти кои ќе бидат од корист на сите граѓани.
Нивната потреба за луксузирање, гозби и ручеци со морски плодови и октоподи, ја отсликува нивната негрижа и незаинтересираност за одговорно водење на државата.
Очигледно на Зоран Заев и Пеце Мирчевски поважни им се октоподите и морските плодови отколку капиталните проекти кои се во корист на граѓаните.
Луксузот и елитизмот, како и негрижата за државата се вечната навика која ја има СДС. Ова веќе граѓаните го имаат видено неколку пати кога на власт биле владите на СДС.
Ваквиот начин на недомаќинско работење е само потврда дека ниту имале намера, ниту имаат намера да работат во корист на народот. СДС работат само за нивните лични интереси и лични луксузирања