Откако се раздели со Јувентус, репрезентативецот на Бразил реши кариерата да ја продолжи во Франција.
Триесет и тригодишниот Дани Алвес по разделбата со Јувентус, потпиша двегодишен договор со ПСЖ, според кого ќе заработува 14 милиони евра по сезона. Го избра дресот со број 32.
„Ова е трета година како моето име се поврзува со ПСЖ. Изгледа е трета среќа. Претседателот на ПСЖ е многу убедлив човек. Му благодарам и на Максвел што ме убеди да дојдам. Работата која ја работи клубот во последните години е многу охрабрувачка“, изјави Алвес.
,Тој додаде дека целите се јасни.
„Целта е да се освои Лигата на шампионите! Сакам да победувам, да создавам историја. Млад сум со духот и сè додека е така, ќе продолжам да се борам“, додаде Алвес.
Дани е мала ризница на трофеи. Три пати ја освои Лигата на шампионите, шест пати Ла Лига, еднаш Серија А, два трофеи на УЕФА купот, двапати Купот на Италија и пет пати Купот на Шпанија.