СЈО е партиска испостава на СДС и има за цел спроведување на нарачаните хајки против врвот на ВМРО-ДПМНЕ.

Предметите кои СЈО ги покренува се правно неиздржани, без правни основи и докази, истите се засноваат на политички конструкции и се водат исклучиво против функционери на ВМРО-ДПМНЕ.

Целта на монтираните случаи на СЈО е луѓето неосновано да се оцрнат, а партијата да се доведе во неповолна ситуација за претстојните локални избори. Мерките кои СЈО ги бара се правно неаргументирани, а истите служат само како материјал за медиумите на СДС за оцрнување на ВМРО-ДПМНЕ во очите на јавноста.

Случајот „Триста“ е подеднакво апсурден како и останатите кои го поткренува СЈО. Никој од осомничените не се стекнал ниту со еден денар материјална корист, а СДС лажеше дека се краделе милијарди. Впрочем возилата уште се во сопственост на МВР и државата, а дел од тие кои беа набавени сега се во возниот парк на СЈО и ги управуваат нивните вработени. Случајот „Триста“ кој се однесува на набавка на возила за потребите на МВР исто како и сите други случаи на СЈО е политичка конструкција без основни докази. Имено возилата набавени од страна на МВР се набавени во целосно јавна и транспарентна постапка. Набавката е поделена на ЛОТ-ови за потребата на оперативниот дел на Бирото за јавна безбедност. Целта била возилата да се различни по боја, производител и кубикажа за да не се познава дека се полициски. Единствениот грев кој го гледа СЈО е дека требало да биде избрана само најниската понуда, што практично би значело избор на исти возила кој би биле впечатливи и по чие излегување на улица, секој би знаел или би можел да претпостави дека се полициски.

Сите случаи кои СЈО ги поткрена почнувајќи од „ТНТ“, „ТЕНК“, „Траекторија“ и другите монтирани случаи, немаат правна аргументација, а барањата на мерките за претпазливост се исто така не аргументирани и без основ. Предметите и обвиненијата на СЈО се типичен пример за политички конструирани случаи кои ниту еден суд нема да ги прифати.

Целата хајка која СЈО/СДС ја водат против ВМРО-ДПМНЕ е со цел власта да може порелаксирано да ги исполни дадените ветувања за смена на името на државата, името на јазикот, името на нацијата и воопшто идентитетот.

Жалбите на СЈО пред апелација се само обид да се изврши притисок врз судот да не ја поништи одлуката на првостепениот суд.

ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија и нејзините функционери било како носители на партиска функција или во времето додека обавувале државна функција работеле и работат согласно закон.

Хајката која СЈО ја води за потребите на СДС нема никаква врска со правото, тука станува збор за чист политички креиран случај.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/07/2017 12:37