Доколку успее да го мине Малме преку вториот натпревар во вторник во Струмица, Вардаровиот тим во третото квалификациско коло ќе се сретне со победникот од двомечот помеѓу Жилина (Словачка) и Копенхаген (Данска).

Првиот дуел од овие два тима заврши со победа на данскиот клуб од 1:3 на гостувањето во Словачка, што значи дека во вториот меч Копенхаген влегува со голема предност и се наоѓа пред пласман во следната рунда. Првиот натпревар, пак, помеѓу Малме и Вардар заврши нерешено 1:1.

Според ждрепката на УЕФА, Вардар би ја играл првата средба на гостински терен на 25 или 26 јули, додека на реваншот на 1 или 2 август треба да биде домаќин на подобриот од овој дуел.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/07/2017 19:39