СЈО е алатка за политички прогон во рацете на СДС против ВМРО-ДПМНЕ и неговите функционери.

СЈО работи по диктат на власта и сите нивни случаи и обвиненија се правно неиздржани, конструирани и без никакви докази.

Таргет и Тврдина се едни од случаите преку кои СЈО имаше за цел, целосно да ја изврти вистината и да ги манипулираа граѓаните. СЈО преку овие политички монтирани случаи, сакаше да претстави пред јавноста дека ВМРО-ДПМНЕ од позиција на власт сама себе се прислушувала, што е крајно апсурдно и неточно тврдење.

СЈО во текот на пресконференциите на кои ги презентираше нарачаните обвиненија од СДС, всушност го повторуваше наративот на Зоран Заев од партиските пресконференции, со што на сите граѓани им стана јасна спрегата СДС/СЈО.

Преку случајот Тврдина СЈО ја лажеше јавноста за наводна милионска штета која била направена при уништување на стара опрема за прислушкување, што е целосна лага и безобразна манипулација. Имено уништувањето на старата опрема за прислушкување не нанесе никаква штета врз буџетот на државата, бидејќи истата беше неупотреблива, со нула денари пазарна вредност, која не можеше да ги изврши функциите за кои е наменета. Уништувањето на опремата е направено со целосно испочитувани законски процедури, при што е формирана стручна комисија која одлучувала по однос на истото. Целата постапка е извршена согласно законски предвидени процедури и тука нема апсолутно никаков доказ кој ќе го негира тоа.

СЈО наместо да ја извршуваше задачата за која беа платени, тие ги извршуваа нарачаните хајки против ВМРО-ДПМНЕ од страна на Зоран Заев. Тоа најдобро се гледа по првата одлука на СЈО со која Катица Јанева ги ослободи обвинетите во случајот "Пуч", а потоа се повлече и од обвинението, иако Ѕвонко Костовски ја призна вината и се спогоди околу висината на казната.

Со своето однесување СЈО се стави на листата политички инквизитори на 21 век, и ќе биде запишано во темните страници на правосудната наука како институција која наместо според правните норми и стандарди работеше по политички диктат и вршеше политички прогон.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/07/2017 18:35