СДС состави мнозинство и формираше влада за да ги реализира ветувањата на граѓаните а не за да глуми опозиција.

Граѓаните очекуваат од новата влада минимална плата од 16 илјади денари, просечна плата од 500 евра плата, 100 илјади денари за докторите, 600 километри автопат а не манипулации и празни прес конференции.

ЛЕД мониторите кои ги спомнува партискиот директор на СОЗР се набавени во транспарентна процедура на законски начин, и остануваат во сопственост на државата. Доколку има било каков сомнеж дека нешто е сторено надвор од законот, го повикуваме СДС да покрене соодветна постапка. Се друго е само гол политички популизам и манипулирање на јавноста од кое што граѓаните немаат никаква полза.

Фактите велат дека додека ВМРО ДПМНЕ ја водеше владата имаше финансии и за лед екрани, но и за покачување на плати и пензии. Имаше финансиски средства и за изградба на училишта и градинки и за изградба на стадиони и спортски сали. Имаше финансиски средства и за инвестиции во патната инфраструктура и за инвестиции во енергетиката. Граѓаните немаат никаква полза ако СДС продолжи да бара оправдувања зошто да не реализира нешто, наместо да работи на исполнување на ветувањата.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/07/2017 18:55