СДС ја претвора државата во партија, а партијата во држава.
Министерството за култура наместо да се однесува одговорно и надпартиски, вчера испрати скандалозно политичко соопштение дека се сменети директорите на „Театарот за деца и младинци“, Братислав Димитров и „Театар Комедија“, Јелена Жугиќ, само затоа наводно што биле блиски со Никола Груевски.
Во срамното партиско соопштение што го испрати Минстерството за култура не наведува ниту една законска основа, за нивното разрешување.
Вработените во секторот за односи со јавност кои се лица ангажирани од „шарена револуција“ земаат плата од граѓаните за да работат во општ интерес, а не да пуштаат партиски соопштенија на СДС.
Политичкото неодговорно однесување мора да биде санкционирано.