Ребалaнсот на буџетоt предложен од антиреформската влада на СДС е врвот на лицемeрието на Зоран Заев и неговата Влада.
Имено партијата СДС, Драган Тевдовски и Зоран Заев кои со месеци и години наназад беа загрижени дека државата е задолжена, сега предлагаат ребаланс на Буџет во кој предвидуваат поголемо задолжување на државата до крајот на годината за 150 милиони евра.
Ова значи дека освен планираните задолжувања на државата антиреформската влада на СДС планира за само 5 месеци до крајот на буџетската години да ги задолжи граѓаните за нови, односно дополнителни 150 милиони евра?!
Во ставката домашно задолжување владата на СДС планира наместо 17,8 милијарди денари да се задолжи за 20,7 милијарди денари. Ова значи дека станува збор за дополнителни 48,3 милиони евра повеќе задолжување кон домашните доверители.
Во ставката задолжување кон странство Владата на СДС планира наместо планираните 12,3 милијарди денари да се задолжи со 18,4 милијарди денари. Ова значи дека станува збор за дополнителни 100 милиони евра повеќе задолжување кон странски доверители.
СДС ги лажеше граѓаните. Ветуваше дека нема да се задолжува, а сега со ребалансот им најавува дека за само 5 месеци ќе го зголеми планираното задолжување за речиси 150 милиони евра. Патем нема апсолутно никакво обајснување за што ќе се трошат овие средтсва, освен ако не планираат да ги потрошат на луксузи, октоподи, морски плодови, цвеќиња, партиски вработувања и вдомувања на соросовите платеници.
Граѓаните со право се прашуваат зошто СДС планира да го зголемува долгот, а притоа не нуди конкретни проекти во интерес на народот.