Селекциите на Панама и домаќинот САД ќе играат во четвртфиналето на КОНКАКАФ Голд купот, откако синоќа во Кливленд, во 3.коло од Б-групата беа подобри од своите ривали.
Американците и покрај двата промашени пенали ја победија Никарагва, додека Панама беше убедлива против Мартиник.
Резултати:
Панама – Мартиник 3:0 и
Никарагва – САД 0:3.
Табела: САД 7 бода, Панама 7, Мартиник 3, Никарагва 0.
Групната фаза на Голд купот ќе биде заокружена ноќеска по полноќ по одигрувањето на 3.коло во Ц-групата во кои се среќаваат Јамајка – Салвадор и Курасао – Мексико.