Големиот талент на македонскиот фудбал Елиф Елмас кариерата ќе ја продолжи во Турција како играч на Фенербахче. Македонскиот репрезентативец од синоќа е во Истанбул каде ги средува последните детали пред да го стави потписот на договорот со турскиот гигант.

– Многу сум среќен што ќе играм за Фенербахче. Тоа ќе биде одлично искуство за мене. Благодарност на мојот досегашен клуб Работнички за се што направи за мене. Сега тргнувам во поинакво искуство, изјави Елмас.

17-годишниот Елмас беше дел од македонската репрезентација на ЕП за фудбалери до 21 година што во јуни се одржа во Полска, а има и официјален настап за сениорската репрезентација по што се стави крај на шпекулациите околу изборот на неговата репрезентативна иднина.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/07/2017 10:18