Охрид од секогаш преставувал главна туристичка дестинација во Република Македонија како на домашни така и на странски туристи и гости.

Владата која беше предводена од ВМРО-ДПМНЕ направи огромни напори и создаде услови за привлекување на голем број странски туристи.

Бенефитите од ваквите програмски цели можат да се согледаат кога градот изобилува со странски туристи. За жал ситуацијата не е иста со домашните поради зачестените земјотреси и паниката која со тоа се шири. Проценките велат дека бројот е значително опаднат, повеќе од 80% резервации се откажани, а останати се само субвенционираните туристи со мерките на владата на ВМРО-ДПМНЕ.

Најголема штета од земјотресите имаат станоиздавачите кои повеќето имаат земено и кредити, пари со кои инвестирале во своите објекти и се надевале дека ќе можат да ги вратат преку добивката остварена во текот на сезоната, но и да заработат нешто како би ја обезбедиле својата егзистенција.

Додека станоиздавачите и хотелиерите се соочуваат со егзистенцијални проблеми, владата на СДС молчи, иако има обврска да се грижи за граѓаните.

Затоа ние, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид поднесовме амандмани на ребалансот на буџетот со кои се предвидува субвенционирање на штетите од земјотресите и субвенционирање на станоиздавачите кои на свој грб го чувствуваат недостигот од домашни гости поради зачестените земјотреси кои го зафатија нашиот град.

Во Охрид има вкупно 17.000 легла, од кои 13.500 на станоиздавачи и 3.500 се хотелски. Во просек субвенцијата треба да изнесува 37.500 денари по кревет или се вкупно околу 10 милиони евра, бројка која би требало да биде исплатена само за директни штети, додека треба да се пресметаат и индиректните штети како за бродарите, угостителските објекти итн.

СДС наместо да одвојува огромни суми на пари за набавка на октоподи и друг вид на морски плодови кои ќе се најдат на нивните трпези во владата, да го изгласаат заедно со нас овој наш предлог кој е за доброто на Охрид и неговите граѓани.

СДС наместо да одвојува милиони за вработување на своите партиски послушници и соросови активисти треба да покаже доблест и да го поддржи предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, кој ќе биде нормална сатисфакција за станоиздавачите и хотелиерите во нашиот град.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/07/2017 13:11