Манчестер јунајтед го совлада Реал Солт лејк на стадионот во Јута во пријателскиот натпревар по пресвртот – 2-1 (2-1).

Домаќините поведоа во 23-тата минута со погодокот на Луис Силва, по проигрувањето на Хуан Саварино и лошата реакција на одбраната на Јунајтед.

Но, само шест минути подоцна, Хенрих Мхитарјан им донесе изненадување на „црвените ѓаволи“ со прецизниот удар од работ на казнениот простор, по одличната акција и асистенцијата на Џеси Лингард.

Во 36-тата минута веќе беше поставен конечниот резултат, а Ромелу Лукаку, кој беше платен 85 милиони евра, го постигна неговиот прв гол во дресот на новиот тим. Силниот Белгиец доби идеална топка од левото крило од стрелецот на првиот гол, ја прими и потоа ги среди двајцата одбранбени играчи и голманот, пред да ја погоди лесно празната мрежа.

Жозе Мурињо и неговиот колега комплетно ја променија првата постава во продолжението на средбата, која ја обележа директниот црвен картон за Антонио Валенсија.

Наредниот дуел во САД, Јунајтед го очекува ноќта меѓу четврток и петок, од 03.30 часот, кога во Хјустон на програмата е дербито со Манчестер сити.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/07/2017 11:57