Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денеска се сретна со помошникот генерален секретар на НАТО за јавна дипломатија, Таџан Илдем.

На средбата било афирмирано значењето на соработката помеѓу Република Македонија и НАТО во областа на јавната дипломатија и во промовирањето на преземените реформи и достигнувања на Македонија на патот на евроатланските интеграции.

Димитров и Илдем разговарале за зајакнување на видливоста на Македонија во НАТО и на НАТО во Македонија, како и за зголемување на проектите за соработка во различни области, меѓу кои и наука за мир и безбедност, управување со кризи, жени и безбедност, јавна дипломатија и други.

Како што соопшти МНР, Димитров го запознал Илдем со реформската агенда на Владата и со преземените чекори за отстранување на сите можни пречки за зачленувањето на РМ во НАТО.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/07/2017 15:59