Околу техничката организација на УЕФА Супер Купот 2017 и многубројните содржини кои ќе бидат достапни за сите посетители во Скопје, деталите ги соопшти Димитар Атанасовски од Идеа Лаб.

- Градот Скопје изработи видео на англиски јазик чија цел ќе биде информирање на туристите и промовирање на убавините на Скопје. Овој спот е одобрен од УЕФА и истиот ќе биде дистрибуиран до сите канали и портали на УЕФА, како и до каналите на комуникација на Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед и нивните навивачки групи кои потоа ќе ги дистрибуираат. Дополнително, во организација на Град Скопје е целосното брендирање на градот, а деновиве и скопското Кале ќе светне во сината боја на Супер Купот. Во организација на Град Скопје е и организирањето на т.н. „неутрална фан зона“, како и точките на поаѓање на навивачите кон стадионот „Филип Втори“. Неутралната фан зона е лоцирана на Плоштадот Македонија и на истата ќе се организираат голем број активности за посетителите од сите возрасти. Ќе има голема сцена каде што ќе се организира музичка забава од 11 до 19 часот на 7 и 8 август, тука ќе бидат поставени оригиналните трофеи во рамки на „Трофеј турата“, ќе има ѕид на финалисти каде што сите навивачи ќе можат да се фотографираат, ќе бидат поставени штандови на партнерите на Супер Купот... Во оваа фан зона ќе биде поставен и мал фудбалски терен, на кој ќе се одиграат финалните натпревари од турнирот кој ќе се игра низ цела Македонија, во рамките на „Трофеј турата“ – кажа Атанасовски.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/07/2017 16:10