Денеска продолжи политичкиот театар и политичкиот прогон од страна на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), изјави пред судот лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Јас тука се пријавив да одговорам на сите нивни лаги и невистини кои ги искажуваа во изминатиот период и да им порачам дека јас планирам на следните избори да победам, како политичка партија, како водач на политичка партија и повторно ВМРО-ДПМНЕ да се врати на власт, а не да бегам од земјата. Тоа е мојата главна порака, рече Груевски.

Тој нагласи дека никогаш не избегнувал покани на СЈО и секогаш уредно ги известувал кога имал кратки патувања.

Никогаш не сум избегнал покани на СЈО, кога сум добил покана сум се јавил во СЈО, а секогаш при патувањата сум ги известувал дека патувам, иако не сум имал обврска за тоа. Секогаш уредно сум ги известувал кога сум имал најчесто кратки патувања, рече Груевски.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/07/2017 12:38