ВМРО-ДПМНЕ 11 години тајно преговараше со соседите, внесуваше поделби и омраза, ја изолираше Македонија и ја нарушуваше нејзината меѓународна позиција, на штета на националните и државни интереси.

За разлика од таквиот антидржавнички пристап, Владата предоведна од СДСМ ја зајакнува позицијата на Република Македонија, става крај на поделбите и ги отвора евро-атлантските перспективи. Договорот за добрососедство со Република Бугарија јасно ја реафирмира позицијата дека се работи за две посебни држави, два посебни народи и два посебни јазика. Со потпишувањето на Договорот, Македонија станува пример за соработка на Балканот, бидејќи ретки се државите

Успехот од потпишувањето во регионот кои отворените прашања ги решаваат заемно и по сопствена волја.на Договорот е заеднички на сите граѓани и на сите досегашни влади, бидејќи ќе се финализираат преговорите што се започнати во 2009 година. Владата предводена од СДСМ води политика на пријателство и соработка и ги решава сите отворени прашања на Република Македонија како на надворешен така и на внатрешен план и затоа од особена важност е ВМРО-ДПМНЕ да учествува во заедничкиот успех и да даде поддршка на овој Договор.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/07/2017 20:37