Доколку се олеснат процедурите за семејно обединување како поддршка на процесот на интеграција, а тоа значи дека еден бегалец кои што доаѓа во Македонија без документ ќе добива државјанство и ќе може со себе да повлече и 20 луѓе или пак цело село, тогаш зборуваме за големи бројки, зборуваме за бројки кои што ова општество едноставно ќе може да ги поднесе, тоа не значи само домување и вработување на овие луѓе, тоа значи и менување на приоритетите во образованието, тоа ќе бара огромни средства кои наместо да се пренасочат за македонските студенти и образованието и ќе треба да се прават нови објекти за овие луѓе кои што треба да дојдат следниве 10 години, потоа истите да добијат државјанства и некаде во една од ставките пишува дека ќе им се плаќаат и кирии и исхрана, а сето тоа се големи ресурси кои што Република Македонија ги нема или ако ги има треба да бидат определени на македонските граѓани, вели Влатко Ѓорчев за вестите на Алфа.

Тој истакна и дека Македонија е земја на хуманост и толерантност и тоа сме го покажале и во изминатите години наназад во историјата, истовремено ние сме општество со држава и свои проблеми и нашите семејства во Македонија заслужуваат поддршка.

Оваа држава првенствено треба да застане зад граѓаните на Република Македонија затоа што тие и понатаму имаат голем број на проблеми и со инфраструктура и со домување и со вработување и тие треба да бидат приоритетот во оваа држава, рече Влатко Ѓорчев.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/07/2017 21:18