СДС бесрамно продолжува да ги задолжува граѓаните на Република Македонија.
СДС за помалку од два месеци успеа државата да ја задолжи за околу 70-тина милиони евра.
Граѓаните на Република Македонија секој ден кога се будат под власт на СДС, државата се задолжува за нови 1.7 милиони евра.
Владата на СДС со ребалансот на буџетот предвидува зголемување на задолжувањето за 150 милиони евра повеќе од планираното.
СДС откако е на власт докажа дека воопшто не се грижи за државата и за нејзината економија.
Тевдовски е збунет и конфузен. Тевдовски се обидува да ги лаже граѓаните и долговите што ги правеше нивниот поранешен градоначалник на Охрид Александар Петрески да ги припише на ВМРО. Тевдовски е загубен и не прави разлика меѓу доспеани и недоспеани обврски. Тевдовски не прави разлика меѓу долг на централната власт, локалната власт и јавните претпијатија. Срамно изгледаше Тевдовски обидувајќи се да најде некаква поткрепа за лагите на Заев дека скриениот долг бил 2 милијарди евра. Ниту има скриен долг, ниту најде 2 милијарди. Целосното фијаско на СДС и Тевдовски е сериозно. Тевдовски со своето незнаење и конфузност е елементарна непогода и ризик за економијата. Тевдовски треба да учи што е буџет и како се управува, но никако тоа не смее да го наплати од граѓаните.
Катастрофалната економска политика на владата СДС веќе започнаа да ја чувствуваат и граѓаните на својата кожа.
Граѓаните сакаат да знаат зошто државата се задолжува со толкава енормна сума и каде владата на СДС планира да ја потроши.
Дали владата на СДС планира да ја потроши на дадените ветувања за минимална плата од 16.000 денари, просечна плата од 30.000 денари, на плата од 100.000 денари за докторите, или пак планира овие пари да ги потроши на партиски вработувања, набавки на октоподи, морски плодови и аранжирање на цвеќиња.