Поминаа 11 дена од вандалското сквернавење на православните гробишта во Љуботен, а ниту граѓаните, ниту медиумите не дознаа кој го сторил овој чин.

МВР целосно затаи. Тоа што им е обврска, да го штитат редот и мирот и да ги гонат сторителите на вакви дела, тие не го исполнуваат.

МВР и после 11 дена сеуште го нема фатено сторителот или сторителите на овој подол и гнасен чин кој влеа немир и тензии меѓу граѓаните. Сторителот или сторителите се на слобода и може повторно да го сторат истото дело.

Оттука се поставува прашањето дали МВР ги крие сторителите? Дали овој чин беше намерно случен со цел да се креваат тензии во јавноста и меѓу граѓаните, а некои други политички агенди да поминат незабележано?

Го повикуваме министерот Спасовски и МВР да престанат да молчат. Секој поминат ден без конкретен резултат во истрагата ја покажува нивна неспособност и непрофесионалност. Ако Спасовски не може да реши еден ваков случај, тогаш граѓаните оправдано стравуваат за својата безбедност и дека вакви, па и посериозни може да се повторат, а полицијата не може да ги пронајде сторителите, а уште помалку да ги спречи.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/07/2017 13:20