Преку расипничкото и криминално владеење, ВМРО-ДПМНЕ го направи најголемото задолжување кога парите на граѓаните ги трошеше за лажен барок, споменици, ЛЕД екрани и криминално богатење на поединци на сметка на осиромашените граѓани и држава.
За разлика од таквиот расипнички однос кон парите на граѓаните, Владата предводена од СДСМ ги рационализира трошоците, ја раздолжува државата и ги враќа парите назад кај граѓаните. За само еден месец Владата предводена од СДСМ врати долгови од 122 милиони евра, а вкупниот долг го намали за околу 55 милиони евра.
Со ребалансот на Буџетот се кратат непотребните трошоци со што се ослободуваат средства за поддршка на домашните претпријатија за зголемување на минималната плата на 12 000 денари веќе од септември. Македонија оди напред, политиките во економијата носат придобивки за граѓаните, стопанствениците и државата и ставаат крај на енормното трошење на државните пари за остварување на лични и партиски интереси.