1. С. Ебеплија – Општина Карбинци
2. С. Куртамзали – Општина Дојран
3. С. Мокрени – Општина Чашка
4. С. Паликура – Општина Росоман
5. С. Подмочани – Општина Ресен
6. С. Куридере – Општина Градско
7. С. Куратица – Општина Охрид
8. С. Горно и Долно Дупени – Општина Ресен
9. С. Подржи Коњ – Општина Кратово
10. С. Курбиново – Општина Ресен
11. С. Курфалија – Општина Карбинци
12. С. Курија – Општина Неготино
13. С. Прдејци – Општина Гевгелија3
Како се настанати „незгодните“ имиња на дел од Македонските села:
- Село Мокрени
Селото Мокрени своето име го има добиено поради сушната почва на која се наоѓа.
- Село Паликура
Според жителите на Паликура, името е од пред неколку века, уште од турско време. Кога доаѓал аскерот да ги гаѓа комитите на височинката со топови, се слушале команди: „Пали!” Бидејќи Турците промашувале, овие одозгора им покажувале среден прст или цела рака и ги провоцирале на цел глас. Од друга страна пак, научната верзија за настанокот на ова име вели дека Паликура има грчко потекло. „Палаиос” е грчка придавка, со значење стар и именката „хорион” е грчка, а значи село, па, според тоа, Паликура е Старо Село.
- Село Подмочани
Името на селото доаѓа од составот „под моч”, што значи место што се наоѓа под моч, под мочурливо и влажно место. Луѓето доселени од ова место формирале село, кое се нарекло по мочурливото место од каде што дошле.
- Село Куридере
Селото Кури Дере значи сув дол и е со турско потекло – „кури“ значи сув, „дере“ е дол. „Куру“ е, всушност, оригиналниот турски збор со значење сув.
- Село Куратица
Во секојдневниот говор кај месното население и во целото охридско подрачје, селото се нарекува со името „Курајца“ или „Кураица“, а поретко и „Куратица“ Во врска со потеклото на името на селото Куратица, кај постарите жители од ова село постојат различни мислења. Некои сметаат дека селото го добило името заради тоа што е сместено во терен што личи на корито и би требало да се вика „Коратица“ Според други, името на селото доаѓа од турскиот збор „kuri“, што значи „сув“, па оттаму и мислењето дека селото порано се викало „Суво село“ или „Суви дол“. Постои и мислење дека селото го добило името по личното име Курат или Курт.
- Село Горно и Долно Дупени
Дупени е добиено со топонимизација на етникот во множина „дупјани“, луѓе што доаѓаат од местото дупа, со значење вдлабнато место односно дупка.
- Село Курбиново
Денешните курбинци пренесуваат преданија според кои според едно предание нивното село името го добило по некој си мештанин (ајдук или војвода) Корубин, а според друго (кое е помалку веројатно) името се врзува со некоја си елементарна непогода (водена стихија), кога луѓето биле присилени да се спасуваат со корита (корублини) и според трето, Курбиново името го добило по зборот „курбан“ (давање жртва) кога некогаш во минатото курбинци биле присилени на такво нешто заради спас од разбојнички банди.
- Село Прдејци
Името Прдејци потекнува од лично име Прде, Прдо, Прдан, односно од фамилијарното име Прдевци.