Старо нов лидер на албанската најголема опозициска сила, Демократската партија, е Љуљзим Баша.
Вака одлучија мнозинството членови на партијата на вчерашните избори по принципот „еден член, еден глас“, спроведен во сите 68 општнски организации.
– Вкупниот број на членови со право на глас беше 103.952 .Од нив гласале 59.834 при што 53.931 или 91,3 отсто дале поддршка за Љуљзим Баша, додека само 5.136 гласа или 8,7 отсто за Едуард Сељами. Комисјата за победник го прогласува Љуљзим Баша, изјави Јемин Ѓана, претседател на Централната изборна комисија на ДП, во утрнските часови по пребројувањето на гласаките ливчња.
Според него Баша победил на сите партиски гласачки места, па дури и во изборното место два во Тирана, разгранокот на Сељами, каде Баша добил 551, а Сељам 44 гласови.
Податоците потврдуваат дека 43-годишниот Баша сега добил 20.000гласови повеќе споредено со 2013 годна, кога беа спроведени избор за лидер во партијата, по оставката што дотогашнот лидер Сали Бериша ја поднесе по поразот на изборите.
Баша по поразот на парламентарните избори спроведени на 25 јуни не си поднесе оставка, туку како што соопшти ја замрзна лидерската функција.