Владата на СДС лажејќи го народот во очи ја задолжува државата со енормни суми.
За помалку од два месеци антиреформската влада на СДС успеа државата да ја задолжи за 70-тина милиони евра.
Секој ден владата на СДС ги задолжува граѓаните за нови 1.7 милиони евра.
Згора на тоа, оваа антиреформската влада со ребалансот на буџетот предвидува зголемување на долгот за 150 милиони евра, а тоа е повеќе од планираното.
Откако СДС дојде на власт, започнаа долговите на Република Македонија рапидно да растат.
Тевдовски и Заев сакајќи да ја оправдаат својата лага дека владата на ВМРО-ДПМНЕ оставила наводен скриен долг од 1 милијарда евра излегоа на прес конференција каде нафрлиле долгови на единици на локални самоуправи, локални јавни претпријатија. Скандалот да биде уште поголем тие во оваа манипулација искористиле и обврски кои се уште не се доспеани за наплата.
Целосното фијаско на СДС и Тевдовски е сериозно. Поради сето ова во министерството за финансии владее хаос, пред се поради неспособноста и дезориентираноста на министерот за финансии, Драган Тевдовски. Што претставува дополнителна опасност по целокупната држава.
Тевдовски за жал само во неколку дена успеа да создаде долг од над 4,5 милијарди денари само по основ на аукции на државни записи.
Граѓаните на Република Македонија имаат право да знаат каде одат нивните пари и зошто државата се задолжува со толкави суми на пари.
Граѓаните затоа СДС го прашуваат дали со тие пари ќе ги исполнат дадените ветувања за минимална плата од 16.000 денари, просечна плата од 30.000 денари, плата од 100.000 денари за докторите.
Сепак луксузите, октоподите, морските плодови, цвеќињата, партиските вработувања и вдомувањата на соросовите платеници не смее да биде на трошок на граѓаните.