Зоран Заев и СДС започнаа со реализација на планот да ја направат партијата држава, а државата партија.
Сето тоа ќе го платат граѓаните на Република Македонија со стотици милиони денари од буџетот.
Најавија дека ќе владее со партиски кадри „од чистачка до директор“. Пратеници на СДС јавно говореа дека членската од партијата ќе биде втора лична карта. И тоа станува реалност.
Деца на коалициони партнери на Заев, комедијанти кои глумеле објективни критичари, граѓани кои глумеле независни и невладини корективи на власта - сите денес се вработени во владата и се платени со стотици милиони денари пари на граѓаните.
Без квалификации и без критериум, освен тоа дека одработувале на интересите на Заев и ги манипулирале граѓаните.
Стотици милиони денари од буџетот секоја година наместо да се трошат за нови училишта, за болници и градинки, Заев ќе ги троши за вработувања на партиски војници и профитери од граѓанскиот сектор.
Наместо 500 евра плата за сите граѓани, Заев ќе ги плаќа само луѓето на кои им должи услуга и кои со години ги манипулираа граѓаните во негова корист.
Народот не смее да биде доведен во ситуација со стотици милиони денари народни пари да се плаќаат извршители, војници и послушници на Заев кои се дел од планот државата да се претвори во партија, а партијата во држава.
Граѓаните се во неизвесност за својата иднината и за иднината на државата, гледајќи ги ваквите недемократски и срамни потези на владата на Заев и СДС. За само месец ипол, СДС започна да воспоставува режим во Република Македонија. Но, отпорот од народот ќе го почувствува многу брзо.