Жителите на Дојран денеска на референдумот гласаа против отворање на рудникот „Казандол“ и против отворањето нови рудници.

Според резултатите објавени од општинската изборна комисија на референдумот излегле да гласаат 51,22 отсто од регистрираните гласачи или 1.407 од 2.747 полнолетни жители. На референдумот излегле доволен број на гласачи за да биде успешен бидејќи цензусот е 50 отсто плус 1 гласач.

Согласно податоците од ОИК, референдумот е успешен за само 30-тина гласа, односно потребно беше 1375 регистрирани гласачи да излезат на референдумот. Од таму, разликата од излезноста и потребниот цензус е само 32 гласа.

Против продолжување на изградбата на рудникот „Казандол“ гласале 1.336 жители односно 94,95 отсто од вкупниот број на излезени гласачи, а само 51 гласач бил за рудникот односно 3,62 отсто. Неважечки ливчиња имало 20.

Против отворање на нови рудници на територијата општината, како што гласеше второто прашање на референдумот, биле 1.340 гласачи.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/07/2017 23:49