Зоран Заев и СДС бесрамно го спроведуваат планот да ја направат партијата држава, а државата партија.

Започнаа со партиските чистки и политичкиот прогон на неистомислениците, нивно бркање и смена од работни места.

Во еден ден сменија 1.500 членови на управни и надзорни одбори и ја парализираа државата. Фондот за здравство сеуште не може да носи одлуки за лекување на болни осигуреници во странство поради ваквиот дилетантски однос на антиреформаторската влада.

Се бркаат од работна позиција успешни директори на институции само и само затоа што не одработувале за интересите на Заев и СДС и над нив новиот режим нема контрола.

На нивните места Заев и СДС ставаат партиски војници по принципот по кој најавија дека ќе работат - „од чистачка до директор“ ќе може да се вработуваат само луѓе со членска на СДС која ќе биде втора лична карта во Македонија. Ова го најавија и Заев и неговите пратеници.

Покрај партиските војници се вработуваат и децата на коалиционите партнери, разноразни комичари, поети и самонаречени експерти кои со години одработувале за СДС и Заев лажејќи ги сите останати граѓани дека се граѓански коректив на власта.

И сите овие вработувања на партиски војници од СДС, сите до едно, ќе ги плаќаат граѓаните на Република Македонија со стотици милиони денари од буџетот.

Стотици милиони денари од буџетот секоја година наместо да се трошат за нови училишта, за болници и градинки, Заев ќе ги троши за вработувања на партиски војници и профитери од граѓанскиот сектор.

Наместо 500 евра плата за сите граѓани, Заев ќе ги плаќа само луѓето на кои им должи услуга и кои со години ги манипулираа граѓаните во негова корист.

Народот не е должен да ги плаќа извршителите, војниците и послушниците на Заев кои се дел од планот државата да се претвори во партија, а партијата во држава.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/07/2017 18:54