Согласно официјалните ценовници за ловење на риба во риболовните подрачја и акумулации, најевтино е да се извади дозвола за ловење на охридското езеро.

Согласно официјалните ценовници за ловење на риба во риболовните подрачја и акумулации, најевтино е да се извади дозвола за ловење на охридското езеро. Па така, доколку сакате на Охридското езеро да ловите риба ќе треба да одвоите 1100 денари за годишна дозвола, 550 денари за 15 дневна дозвола, 350 денари за една недела, додека дневната дозвола чини 150 денари. Овие цени важат за ловење од брег.

Доколку сакате пак да ловите риба на чамец во охридските води, годишната дозвола ќе ве чини 2000 денари, додека дневната е 300 денари од чамец.

Годишните карти за ловење на риба на Мавровското, Дојранското и Преспанското езеро ќе ве чинат 4000 денари, додека дозволата за две недели ќе ја платите најскапо на Мавровското езеро и ќе ве чини 1700 денари. За истото времетраење на дозволата, за Преспанското ќе треба да одвоите 1200 денари, додека за Дојранското 1500 денари, од вашиот буџет.

За седум дневна дозвола ќе треба да одвоите по 1000 денари за Мавровското и Дојранското езеро, а цената за истиот период за ловење на риба во Преспа изнесува 700 денари.

Дневната дозвола за риболов пак, најскапо ќе ја платите во Дојран по цена од 250 денари, а потоа следи Мавровското езеро со цена од 200 денари и Преспанското езеро со цена од 150 денари.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/07/2017 03:29