Минатата недела се изврши примопредавање на должноста командант на центарот за индивидуална обука од составот на командата за обука и доктрини.

Должноста командант на ЦИО од потполковник Газменд Абдиу ја прими потполковник Јакупи Арбен.

Потполковникот Јакупи Арбен досега ја извршувал должноста како упатен Штабен офицер за ПзМ копнени вежби и операции во секцијата за воена соработка во Здружената команда на Сојузнички сили, во Неапол, Италија.

Од Армијата на Република Македонија му посакаа успешно справување со предизвиците и извршување на должноста.

Јакупи Арбен нов командант на центарот за индивидуална обука во АРМ


Автор: Администратор
Објавено на: 25/07/2017 04:17