Според одлуката на Владата за 2 Август, во Крушево говор ќе одржи претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, информираат од неговиот кабинет и додаваат дека е ова дел од вообичаениот распоред за присуството на Илинден на претседателот на државата, претседателот на Собранието и на премиерот.
За 1 и 2 август најавена е и возвратната посета на бугарскиот премиер Бојко Борисов кој се очекува во Македонија да допатува и со министерката за надворешни работи Екатерина Захариева.
Засега сѐ уште не е утврдено точно каде и кога би се потпишал најавениот договор за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија.
За 2 август премиерот на Македонија Зоран Заев ќе присуствува на средбата на потпретседателот на САД Мајк Пенс со претставници на земјите членки и набљудувачи на Јадранската повелба, со цел да се координираат активностите за поддршка на земјите кандидати за членство во НАТО.
Извор: МКД