Министерот за здравство Арбен Таравари, заедно со делегација од неговиот кабинет, од денеска е во петдневна работна посета на Соединетите Американски Држави.
Тој во Вашингтон ќе се сретне со претставници на американскиот Конгрес, Стејт департментот, како и Амбасадата на Република Македонија во САД, соопшти Министерството за здравство.
За време на престојот во Вашингтон, министерот ќе се сретне со менаџментот на водечките американски болници, како и интернационални организации од областа на здравството, со цел размена на искуства и формирање стратешки партнерства за реформи во здравството.
Во рамки на работната посета на САД, Таравари ќе престојува и во Њујорк каде што ќе има средби со претставници на Светската здравствена организација, како и со раководството на реномирана њујоршка болница.
Оваа посета е од клучно значење за македонското здравство и со овие средби ќе се овозможи размена на искуства кои потоа ќе се применат како темел за реформи во здравствениот систем, информираат од Министерството за здравство.