СЈО е партиска испостава на СДС.
СЈО е инструмент во рацете на СДС за притисок врз ВМРО-ДПМНЕ. Целта на постоење на СЈО e креирање на материјали за оцрнување на раководството на ВМРО-ДПМНЕ.
Сите отворени случаи од СЈО се политички конструкции кои немаат допирна точка правото. Обвиненијата по истите се крајно неаргументирани, со цел да се врши политички прогон на ВМРО-ДПМНЕ инспириран од СДС.
Катица Јанева и нејзиниот тим не само што го претворија СЈО во партиска испостава на СДС, туку бесрамно вдомија симпатизери, внуци, роднини и нивни пријатели на државен буџет.
СЈО не работи ниту професионално, ниту неселективно, туку претпочита партиска работа, политички активизам и роднински непотизам.
Почитувани,
СЈО заборави и на обврските да поднесе извештај пред граѓаните за сработеното, а Јанева и нејзиниот тим се расфрлаат со четири милиони евра годишно, пари на граѓаните.
Како што минува времето, така на површина се повеќе излегува непрофесионалното, незаконско и необјективно постапување на СЈО.
Граѓаните сфатија дека таргетот на СЈО е само една политичка партија. Целта се стотина луѓе од ВМРО-ДПМНЕ. Гревот на ВМРО-ДПМНЕ не е криминал, туку затоа што остана со народот, единствен бедем за одбрана на државата.
Затоа го потсетуваме СЈО да почне да работи согласно закон. СЈО е должно сите нелегално прислушкувани материјали веднаш и без исклучок во законска процедура да ги уништи и за уништувањето на материјалите да состави записник. Неуништувањето и нивното чување, поседувањето и користењето преставува груба и сериозна злоупотреба на службената должност и е казниво согласно закон. Истите единствено може да се употребуваат за уцени на граѓани и бизнисмени.
Катица Јанева и нејзините соработници се чуствуваат моќни и недопирливи мислејќи дека Заев вечно ќе владее. Но реалноста не е таква. Зоран Заев ќе ја загуби власта и ќе се врати правната држава, а секој ќе сноси одговорност за незаконското работење.