Бараме под итно Народниот правобранител како институција која се грижи за човековите права да покрене постапка против сите оние кои вршат партиски инспириран прогон врз вработените во државната администрација. Единствена причина затоа е што не се членови на СДС.

СДС противзаконски брка од работа и остава на улица самохрани мајки и жени и затоа обврска на Народниот правобранител е да го спречи ова дивеење и хајка на партијата на власт.

Должност му е на народниот правобранител конечно да се стави на страната на правдата, а не да молчи и немо да посматра.

Апелираме до народниот правобранител што поскоро да се фати за работа и да ги зашити интересите на граѓаните на Република Македонија. Сакаме да му посочиме дека овде се работи за луѓе за човечки судбини и нивна егзистенција.

На лудилото на СДС му нема крај. Самохраната мајка Ристенка Атанасова, Бранка Шишовска од Берово, Роза Јаневска од Неготино, Весела Честоева, самохраната мајка Катерина Матиќ и уште десетици други жени, кои се веќе докажани професионалци во својата дејност се оставени на улица да се снаоѓаат како што знаат и како што умеат.

Партискиот прогон на СДС не застанува тука. Ветија дека ќе јадат живи луѓе, дека ќе бркаат на клоци од чистачка до министер, дека членската на СДС ќе стане нова лична карта. Гледаме дека тоа почнува да се остварува. Стотици вработени во администрацијата се под мобинг, закани и притисоци само затоа што се вработиле изминатите години и не се согласуваат со политиките на Зоран Заев.

Граѓаните се сведоци на брутално и немилосрдно партизирање на иституциите. СДС и Зоран Заев не ги интересира што овие жени, самохрани мајки се оставени без егзистенција. Режимот на СДС не го интересира што овие жени имаат дечиња за кои треба да се грижат. Режимот на СДС не го интересира што овие жени оствариле значаен придонес онаму каде што работеле. Единствениот грев што овие жени го имаат направено е што не размислуваат политички исто како СДС и Зоран Заев.

Наместо СДС да се занимава и главна преокупација да му биде политичка одмазда на неистомисленици апелираме да се фатат за работа и да ги изреализираат сите ветувања што им ги дадоа на граѓаните на Република Македонија

Истовремено бараме сите вработени кои биле неосновано и незаконски избркани од работа да бидат заштитени од страна на агенцијата за државни службеници, од трудовиот инспекторат, од комисијата против дискриминација, од судовите. Интересите на граѓаните пред режимот на Заев мора да бидат приоритет на иституциите во Република Македонија. Истовремено очекуваме и канцеларијата на Европската Унија да реагира на ваквото кукавичко однесување на СДС.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/07/2017 14:34